За партијата Алтернатива неприфатливо е престојните избори да се одржат на крајот на јуни поради, како што велат, состојбата со епидемијата, но и психолошката неподготвеност на народот за одржување на избори во услови на општа здравствена криза.

Во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, претставникот на Алтернатива, Арбен Лабеништа вели дека за нив прифатливо е на гласање да се оди и во август.

„Периодот што ние го истакнавме, а тоа е крајот на август, создава простор за друга можност – да закрепнат сите проблематики со кои денес се соочува нашето население и многу комотно, на крајот на август, да се оди на избори, секако почитувајќи ги сите здравствени мерки кои ќе бидат потребни и во тој период“, вели Лабеништа.

Shpërndaj me

Loading...