fbpx

Хотелиерите и останатите вработени во туристичкиот сектор во Струга и Охрид бројат големи загуби од нереализираните аранжмани со странски гости поради Ковид 19. Велат дека работата со ваучери само делумно ги спасило од уште поголеми загуби .

Би рекол како компанија до нова година со овој резултат, а после се надеваме за помош од државата.Некаде 25% до 30% од реализацијата  минатите години,тоа  воопшто не е доволно за да ние испливаме до наредната година. Некаде околу 750.000 евра се отидени по вода. Договорени работи кои беа, фиксни закупи сето тоа ништо не се реализира. Немаше ниту еден странски посетител“-изјави Перо Кутаноски- менаџер на хотел во Охрид

Туристичките работници бараат  минимална плата од државата  од ноември до март.

Ние ништо не сработивме и мора да сфатат институциите дека ние работиме од април до септември, за да ја покриеме цела година. А оваа година не работевме ништо.Ако немаш приходи нормално дека ќе затвориш.Нас најважен ни е рецептивниот туризам,како тур оператори и како Охрид, и ако странците не дојдат ние неможеме да оствариме профит“-рече Олег Маленко- сопственик на туристичка агенција.

Единствена надеж за туристичките работници се договорите кои странските тур оператори ги обновиле за наредната година.Хотелиерите велат дека во овој момент, единствена добра работа е што некои од договорите за оваа година, странските тур оператори ги обновиле за наредната, што кај нив влевало надеж,дека работите ќе се променат.Но до нова година ќе знаат на што ќе бидат за следната сезона.Сепак велат дека е неопходна помош од државата барем во обезбедување на минимална плата од ноември до март.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...