fbpx

Лидерите ги продолжуваат средбите со цел обезбедување на новото парламентарно мнозинство. Претседателот на СДСМ Зоран Заев се дознава дека повторно се сретнал денеска со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, но двете страни не даваат повеќе детали  од средбата. Заев за преговорите говорел и на средбата со германската амбасадорка во Скопје, Анке Холштајн.

СДСМ
„Поради преговорите со ЕУ и поради економската безбедност потребно е стабилно парламентарно мнозинство и сигурна Влада што ќе ја води земјата напред“.

Преговори води и  ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа партија  не ги коментираат  информациите дали ги доближиле  ставовите со ДУИ за ново мнозинство или не, туку бараат од СДСМ да каже пред јавноста со кого успеала да обезбеди мнозинство гласови во Собранието.

На денот на конституирањето на Собранието, лидерите соопштија дека ќе ги продолжат преговорите во рамките на преговарачките групи. Неофицијално беше кажано дека преговорите за поделбата на ресорите ќе продолжат на ниво на потпретседатели, но досега ниеден субјект не го соопштил преговрачкиот тим. Од 4 август почна да тече рокот за обезбедување мнозинство, а на 14 август се очекува претседателот Стево Пендаровски мандатот за формирање влада на оној кој ќе обезбеди најмалку 61 глас во Собранието.

Adrian Kerimi

Shpërndaj me

Loading...