Општина Липково веќе неколку дена е жариште на корона вирусот. Податоците покажуваат дека има најмалку 40 активни случаи. Центарот за јавно здравје ќе прави 100 тестови на ден.

 „Од денеска започнавме масовно тестирање во Липково. Нашите екипи излегоа на теренот и веруваме дека со добра соработка можеме да ја надминеме оваа состојба“.

Општината, во соработка со имамите, бараат да има забрана за погреби со присуство на луѓе и семејни прослави.

 „Имамите имаат клучна улога.  Сите фактори мора да бидат вклучени во справувањето со оваа тешка состојба во нашата општина“.

 Во село Слупчане, каде има многу случаи од инфицирани со вирусот, има мала раздвиженост. Некои жители ги почитуваа мерките.

 „Нема свадби. Нема сочувство после смрт од Корона. Не сега. Албанци, опаметете се“.

 „Луѓето треба да бидат многу внимателни и да се  заштитат. Само ова е лекот за епидемија“.

 „Потребна е маска и растојание. Секој за себе. Вирусот е активен.

Но, има и многу што веруваа во теории на заговор.

  “Зошто немате маска? Не верувам во Корона вирусот.

 „Зошто служите без маска?! Нема вирус. Ова е лага“…

„Не ставам маска. Зошто да носам маска во селото. Еве ја мојата куќа.
„Ја имам маската во автомобилот. Само што ја извадив“.

Погодени од корона вирусот се и селата Матејче, Отља и Никуштак. Пред неколку дена, во Липково се регистрираа 11 нови случаи и две жртви. Вопоследните 24 часа при инспекциска контрола затворени се осум локали.

Adrian Kerimi

 

Shpërndaj me

Loading...