Општина Липково е ново жариште на корона вирусот. Во последните 24 часа пријавени се 25 нови случаи и една жртва. 52 – годишен маж од селото Никуштак е шеста жртва во оваа општина. Денеска во Куманово има еден позитивен случај. Земено по села, 13 нови случаи има во Слупчане, пет во Матејче, четири во Липково и три во Никуштак. Од кумановскиот Центар за јавно здравје велат дека за навреме да се откријат новите случаи, почнато е масовно тестирање.

„Гледајќи дека ситуацијата не е добра, ние побаравме од Министерството за здравство да не важат стандардните правила за тестирање за општина Липково, туку да ни дадат дозвола да направиме масовно тестирање затоа што епидемиолошката состојба покажува дека има алармантно зголемување на бројот на заразени “

За време на полицискиот час, се движеа луѓе само со земјоделски возила. Според кумановското СВР Куманово, регистрирани се три прекршувања на забраната за слободно движење. Општинските власти велат дека новиот бран на заразени е предизвикана од непочитување на здравствените препораки.

„Само вчера беа извршени над 90 тестови на територијата на нашата општина и така луѓето почнаа да се освестуваат, да ја прифатат реалноста дека вирусот постои и дека сите сме загрозени“.

Бројките велат дека во регионот на Куманово, Липково и Крива Паланка од почетокот на пандемијата имало 526 заболени од корона вирус. Има 110 активни случаи, од кои 92 во Липково и вкупно 25 починати. Во изолација се 170 лица, од кои 140 во Липково.

Adan Qaili

Shpërndaj me

Loading...