fbpx

Обвинителството за организиран криминал и корупција до септември се очекува да открие кој стои зад нападот на софтверот на ДИК на денот на изборите на 15 јули. Од ова обвинителство велат дека собираат факти за тендерот за апликацијата на ДИК за следење на изборните резултати направени од приватниот оператор „ДУНА“.

„По добивање информациja за нелегална постапка спроведена во ДИК и наредба добиена од судија на претходна постапка, Обвинителството издаде наредба за конфискација на целокупната тендерска документација“, наведуваат од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Од оваа компанија велат дека тие ги предале на обвинителката Вилма Рускоска документите за договорот склучен за софтвер со ДИК, негирајќи ги сите нерегуларности во набавката или одговорностите за сајбер нападите. Првиот човек на ДИК го насочи прстот кон вработениот во компјутерскиот центар на ДИК за несоодветно составување на извештајот. Дерковски вели дека покренал дисциплинска постапка против него и чека полициски извештај.

Контроверзност во врска со тендерите во четири очи од страна на ДИК за време на овој изборен циклус, покрај софтверот од 900 илјади денари со ДУНА, е и тендерот со ПР агенцијата „Идеал Лаб“. Агенцијата доби тендер од 45.500 евра за рекламна кампања, за обука на гласачите преку видео и аудио клипови, флаери и промотивни постери. ДИК од двајца понудувачи ја избра агенцијата која е скоро двојно поскапа, според критериумот квалитет – цена.

Аднан Ќаили

Shpërndaj me

Loading...