fbpx

Текот на изборниот процес е многу важен за интеграцијата на земјата во евро-атлантските структури. Ардита Имери од Институтот за европска политика вели дека при овој тест на демократијата, граѓаните, но и партиите треба да покажат зрелост, со цел земјата да направи уште еден чекор напред кон ЕУ.

“Ние две години сме условени од Европската комисија да имаме веродостојни избори и тоа не значи само да имаме избори туку значи да нема неправилности во текот на изборниот процес. Ние како држава треба да покажеме дека сме зрели да ги одржиме овие избори, да ги организираме, а потоа да ги прифатиме резултатите какви и да се. Сега е шансата Република Македонија да покаже дека е подготвена и може да го положи тестот за да чекори понатаму по евроатланскиот пат и да ја добие препораката за отворање на преговорите за членство.” – велиАрдита Имери, Институт за европска политика

Универзитетскиот професор, Ветон Љатифи, проценува дека преку локалните избори, земјата испраќа порака до меѓународните претставници за нивото на политичката култура, но и за тоа колку е подготвена да ги почитува препораките на ЕУ за фер избори.

“Секој вид инцидент, особено за време на изборниот процес на денот на гласањето, е многу груб сигнал, многу грд за политичкиот процес во целина, за политичката култура, за самите демократски институции на Република Македонија. Исто така, каков било вид на инцидент значително ќе ја наруши сликата и ќе го поткопа чекорењето на Република Македонија. Треба да се биде внимателен, истовремено да се покаже и политичка зрелост и сите тесно партиски интереси да се гледаат од една поширока перспектива и низ поголема цел, тоа е интересот за евро-атланската интеграција.” – изјави Ветон Љатифи, универзитетски професор

И американската амбасада ги оцени изборите како важни за иднината на земјата. Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, испрати јасна порака до владата и политичките партии, дека локалните избори треба да бидат подобри од парламентарните избори на 11 декември.

Анеса Салиу

Shpërndaj me

Loading...