fbpx

Сања Лукаревска и Мартин Костовски, кои станаа пратеници по одржаните парламентарни избори се повлекоа од директорските позиции во Управата за јавни приходи и Службен весник. И Лукаревска и Костовски потврдија за Алсат дека веќе не се директори на овие интитуции. Како вршител на должност директор на УЈП сега е назначен Фарук Омери, а на Службен весник Татијана Лалчевска. Повлекувањето од функциите е бидејќи функцијата пратеник е неспоива со друго работно место. По формирањето на новата Влада ќе се знае дали Лукаревска и Костовски ќе се вратат на позициите во овие институции или ќе останат пратеници.

Shpërndaj me

Loading...