fbpx

Францускиот претседател Емануел Макрон не остави надеж дека на Самитот во Загреб во мај следната година може да го смени ставот за почеток на преговорите со Скопје и Тирана, доколку методологијата за проширување на ЕУ не биде реформирана дотогаш. Макрон негира дека одлуката во октомври била грешка, велејќи дека доколку не се реформира методологијата, повторно ќе го блокира проширувањето. Премиерот Зоран Заев сепак останува „вистински оптимист“.

„Мислам дека постапката на преговарање што ја имаме денес е многу бирократска, збунувачка и не е јасна. Еве, прашајте ги Србите дали животот е променет со отворањето на новите поглавја. Не би рекол! Уште еднаш ја прифаќам лошата улога, ако луѓето сакаат да кажат дека само Франција беше против. Јас ќе го признаам ова уште еднаш, но Франција не беше единствената држава што се спротивстави на разговорите за проширување со земјите кандидати“-изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

Но, по средбата Макрон – Пендаровски пред околу еден месец, претседателот на Македонија изјави дека Макрон беше подготвен реформскиот процес да се одржи паралелно со разговорите за членство.

„Тврдоглавоста“ на Макрон го доведува во прашање заедничкиот јазик во рамките на ЕУ, а многу лидери, меѓу кои и германската канцеларка, Меркел, претседателот на Европскиот Парламент, Сасоли и на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лејни инсистираат на тоа дека ЕУ не треба да ги менува правилата среде „игра“ и дека реформите во методологијата за проширување не треба да го одложуваат почетокот на преговорите со Скопје и Тирана.

Анеса Салихи

Shpërndaj me

Loading...