fbpx

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота смета дека ниту еден италијански клуб не може да го донесе во своите редови напаѓачот на Барселона, Лионел Меси.

– Ниту еден италијански клуб не може да организира ваков трансфер без сопствениците кои би дале голем придонес. Точно е дека треба да ја направиме Серија А повторно таква лига каде доаѓаат најдобрите. Притоа мора да оцениме што продаваме и да сме свесни дека имињата на нашите ѕвезди ја зголемуваат вредноста на брендот, изјави Марота.

Shpërndaj me

Loading...