fbpx

Личната заштитна опрема за еднократна употреба (ППЕ) значително придонесува за веќе сериозната криза со загадување со пластика, предупредуваат експертите.

Се проценува дека 194 милијарди заштитни маски и ракавици за еднократна употреба се користат секој месец низ целиот свет како резултат на пан.демија на коронавирусот, според истражувањето од областа на животната средина, пренесува Скај њуз.

ППЕ обично се прави од разни пластики, вклучувајќи полипропилен, полиетилен и винил.

Волонтерите низ Велика Британија се сведоци на големо пораст на количината на ѓубре на улиците, плажите, каналите и реките како резултат на маските за еднократна употреба.

За целосно распаѓање на пластичните маски за еднократна употреба што завршуваат во море, потребни се и до 450 години за нивно целосно распаѓање и напуштање на морскиот екосистем, според податоците на „Океани без отпад“.

Дури и ако се отстранува правилно, нивните тврдења се дека ППЕ не може да се рециклира бидејќи се смета за медицински отпад

Shpërndaj me

Loading...