Германија има намера да покрене нова иницијатива за усвојување на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН за пандемијата на коронавирусот, најави министерот за надворешни работи, Хајко Мас.

– Лошо е за Советот за безбедност на ООН што сè уште не постигна единство околу оваа важна глобална тема, рече Мас.

Како што пренесуваат германските медиуми, тој смета дека не може Советот за безбедност да не се огласи кога цел свет се бори со таква пандемија.

 

Shpërndaj me

Loading...