fbpx

Министерството за внатрешни работи го потврди вчерашниот инцидент во болницата во Куманово. Во дневниот извештај на МВР се наведува дека во саботата во 09.07 часот, во Секторот за внатрешни работи Куманово, лекар од интерното одделение на болницата изјавил дека бил физички нападнат од негов колега. Понатаму, во дневниот извештај се наведува дека во координација со Јавниот обвинител ќе бидат преземени сите мерки за расчистување на случајот. Од основното јавно обвинителство за Алсат изјавија дека сè уште не добиле писмено известување од МВР заедно со обезбедените докази. Во моментот кога такви документи ќе пристигнат, обвинителство ќе постапува врз основа на законските овластувања.

Но, од ОЈО потврдија дека во кумановското обвинителство стигнала усна информација за инцидентот.

Вчера, во болницата во тој град физички беше нападнат докторот Шукри Фазлиу, а според неговите зборови, тоа го сторил неговиот колега Илбер Исуфи. Причината наводно била тоа што не одговорил на негов телефонски повик и не примил на преглед роднина на лекарот Исуфи.

Но, Исуфи ги негираше ваквите обвинувања. Според него, тој од Фазлиу само побарал објаснување зошто не го примил пациентот кој чекал 45 минути за лекарски преглед.

Инциденти во болниците се случуваат често пати, но претежно лекарите се мета на пациенти или нивни роднини.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...