Во текот на изминатото деноноќие евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 205 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 48 лица им се издадени решенија за изолација, а 17 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Shpërndaj me

Loading...