Во пресрет на рестартирањето на сезоната во НБА лигата во градот Орландо, американските медиуми ги анализираа кошаркарите за делот што се случи досега оваа сезона. Според „Sports Ilustrated“, Лос Анџелес Лејкерс се најголемите фаворити за освојување на круната во НБА, а Леброн Џејмс се смета за најдобар кошаркар во моментот. На второ место е Каваи Ленард, пред Јанис Адето-Кумбо. На четвртото место е Џејмс Харден, пред Ентони Дејвис. Изненадувачки, Никола Јокиќ, кој се најде на 6-то место, остави зад себе големи ѕвезди како Пол Џорџ, Лука Дончиќ и Демиен Лилард. Сезоната во НБА започнува на 31 јули во Орландо.

Shpërndaj me

Loading...