fbpx

Мерцедес претстави нов дизајн на автомобилот, со кој ќе се борат за титулата оваа сезона. Со тоа, тимот ќе застане уште поцврсто против расизмот и започнува ново поглавје во својата историја, бидејќи „Сребрените стрели“ со години се сребрени и промената за нив е дефинитивно голема.

Во центаорт на овој смел потег е нивниот пилот Луис Хамилтон, кој е отворен поддржувач на движењето „Black Lives Matter“. Учествува во протестите, активно ги користи своите социјални канали за да го изнесе својот став и смело ги критикува сите што молчат за ова прашање.

Шесткратниот светски шампион го покрена ова прашање пред еден месец и разговараше со тимскиот шеф Тото Волф. Тој вчера пред медиумите во Виена изјави дека Хамилтон побарал од тимот да даде поголема поддршка на каузата и да направи повеќе отколку само да објавува постови на социјалните медиуми.

 

Shpërndaj me

Loading...