fbpx

Од Византиската Империја, се до Отоманското царство, античкиот град Ани, некогаш голем и моќен, бил дом на илјадници луѓе и многу владетели кои се смениле низ годините. Својот најголем подем го доживеал за време на владеењето на династијата Багратуни. Денес, Ани е град на рушевини и духови, ненаселен речиси 90 години и се наоѓа на турска територија, многу блиску до границата со Ерменија.

Посетителите сè уште можат да ги забелeжат остатоците од некогашниот моќен град, полн со живот во кој владееле пет кралства: Багратунското, Ерменското, Византиското, владееле Селџуците, Грузиjците и Отоманците. После падот на Отоманското царство, оваа област и припаднала на Русија, под чија власт била се до Првата светска војна, кога Турците ја повратиле контролата, но само за краток период бидејќи потоа овие територии се доделени на Ерменија. Последен пат кога овој град доживеал промена на владателите било во 1920 година, кога уште еднаш бил освоен од Турците за време на војната за независност.

Во 11 век, градот броел 100 000 жители и претставувал регионален центар на културата и трговијата. Познат е и по тоа што своевремено биле изградени голем број манастири каде што се вршеле верските служби.

Покрај површинскиот дел, археолозите пронашле многу тунели и пештери во подземјето каде има остатоци од населби во кои живееле луѓе.

Денес е актуелен обидот на археолошките здруженија и активисти да се спасат што поголем број рушевини и остатокот од градот. Дебатата за важноста на овој град веќе долго време трае, а главниот аргумент е средновековното историско наследство кое Ани го носи. Ова е град кој крие многу тајни кои чекаат да бидат откриени.

Shpërndaj me

Loading...