fbpx

Време е да се реши проблемот меѓу Косово и Србија. Решението никогаш не е да се сменат границите, туку да се почитуваат европските стандарди на секое малцинство, изјави албанскиот претседател Илир Мета на свеченоста одржана во косовската амбасада во Тирана по повод 12-годишнината од независноста на Косово.

Додаде дека во светот има мнозински и малцински народи, но единственото решение е демократскиот начин на решавање на работите, јави дописничката на МИА.

-На Балканот, секој народ и секоја нација е мнозинство во една и малцинство во друга држава. И решението никогаш не може да биде со промена на границите, туку да се почитуваат европските стандарди на секое малцинство во секоја земја. Тоа е причина што Албанија го направила и го прави за да покаже целосна одговорност за почитувањето на сите малцинства. По овој важен настан, имаме уште еден многу важен настан, а тоа е празникот на Србија каде треба да присуствуваме,рече Мета.

 

Shpërndaj me

Loading...