fbpx

Албанскиот претседател Илир Мета, упати остро предупредување до владејачкото мнозинство кое најави нов закон за шефот на државата со повеќе ограничувања, порачувајќи им дека „доколку се обидат да го разрешат, ќе го распушти парламентот“.

– Мнозинството се обиде со Претседателот, изгуби 3:0 и покрај потрошените милијарди. Ова е претседател на народот од 2 март. Не е од Социјалистичкото движење за интеграција (чиј лидер беше Мета пред изборот за шеф на државата) и од опозицијата, туку од народот, од кој има се поголема поддршка. Повторно бараат разрешување, пред 25 април (за кога се закажани парламентарните избори). Тука сум нека се обидат, па ќе видат кој прв ќе биде разрешен, порача Мета алудирајќи на распуштање на парламентот што е негово уставно право.

 

Shpërndaj me

Loading...