fbpx

Поранешната британска премиерка Тереза Меј изјави дека резултатите од изборите, на кои Конзервативната партија освои убедлива победа, покажуваат дека Британија сега може да излезе од „политичка парализа“ кога станува збор за Брегзит.

Меј за Би Би Си истакна дека со овие избори е обезбедено „надминување на застојот во Парламентот, спроведување на Брегзит и продолжување понатаму“.

Таа, исто така, верува дека нејзиниот наследник Борис Џонсон, откако ќе го „протурка“ договорот за Брегзит во парламентот, би може да обезбеди и договор со ЕУ до крајот на 2020 година.

Според последните резултати од изборите во Британија, Конзервативната партија освоила најмалку 358 од вкупно 650 места во Парламентот, обезбедувајќи мнозинство, а Лабуристичката 203 пратенички мандати. 

 

Shpërndaj me

Loading...