fbpx

Група од 11 мигранти од Бангладеш се пронајдени од страна на полицијата во возило со тетовски регистарски таблички на автопатот Гевгелија – Неготино.

Како што се наведува во полицискиот извештај:

На 30.07.2020 околу 08.10 часот во близина на наплатна станица „Демир Капија“, на автопатот А-1, при контрола од страна на полициски службеници на возилата „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Д.(46) и „фолксваген фејтон“, со тетовски регистарски озанки, управувано од С.М.(37), двајцата од с.Бузалково, велешко, биле пронајдени 11 мигранти од Бангладеш. Мигрантите се сместени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија, за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител, по чии насоки против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.

Shpërndaj me

Loading...