fbpx

Соработка до изборите, наместо партиски препукувања. Ваков повик упати дополнителната заменик министерка за труд и социјала Санела Шкријељ до техничката министерка Рашела Мизрахи. Мизрахи денеска беше во посета на Специјалниот завод во Демир Капија. Од таму изјави дека условите се нехумани и нечовечни, а штитениците и вработените се препуштени сами на себе.

„Од помпезните најави можам да го кажам следново: на почетокот на владеењето на Социјалдемократскиот сојуз оваа установа имала 227 корисници со 41 неговател. Тоа значи еден неговател секој ден се грижел за 6 корисници. Мисијата е невозможна. На еден корисник треба да има еден негувател“, рече Мизрахи.

Таа рече дека ќе се заложи оваа состојба да се промени, а штитениците да ја добијат потребната грижа.

Од прес центарот во Владата пак, дополнителката заменик министерка Шкријељ, порача дека функционирањето на институциите во време на техничка влада треба да биде во интерес на граѓаните, а граѓаните да не бидат жртви на политиката во предизборниот период.

„Ги уверуваме граѓаните дека на никаков начин нема да има влијание и да се одрази врз реформските процеси во министерството, сите права од областа на социјалната заштита, детската заштита, социјалната сигурност на стари лица ќе биде и ќе продолжи да се си исплаќаат редовно согласно динамината на Министерството за труд и социјална политика“, рече Санела Шкријељ – дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика.

Воедно, Шкријељ ги повика стечајните работници уште од утре да поднесуваат барања за остварување на месечен надоместок од 8.000 денари до пензионирање, согласно последните измени на Законот за стечајни работници. Со оваа бројка, според заменик-министерката, вкупниот број на стечајни работници кои се материјално обезбедени изнесува 12.000 лица.

Shpërndaj me

Loading...