Комисијата за заразни болести утрово не даде препорака за воведување карантин или полициски час, информираше за МИА државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, кој деновиве е постојано на терен и ја следи состојбата со новозаразените во Штип.

Тој рече дека на Комисијата за заразни болести е утврдено дека за Штип бројките се помали од вчера и поради тоа не е донесена одлука за препорака за карантин или воведување полициски час.

Побара од работниците кои се опфатени со тестирањето да не шетаат низ градот, туку да седат дома се додека не ги добијат резултатите, за на тој начин да се спречи ширењето на коронавирусот. Смета дека со затварањето на петте конфекции од денеска состојбата во Штип ќе се нормализира. Милошев рече дека епидемиолозите од Центарот за јавно здравје од утрото се на терен и веќе ги земаат брисевите.

 

Shpërndaj me

Loading...