fbpx

Министерката за финансии Нина Ангеловска, на комисиската расправа за буџетот за 2020 предложи промена на процесот на доставување амандмани, односно тие да се предлагаат анонимно.

На тврдењето на дел од пратениците на опозицијата дека амандманите не се прифаќаат бидејќи се предложени од опозицијата, министерката одговори дека  единствена основа врз која се предлага или одбива амандманот е квалитетот на предлогот.

„Треба да се гледа содржината на амандманот, а не од која партија е поднесен затоа амандманите за буџетот треба да се  предлагаат анонимно, а решенијата да бидат детално објаснети“, предложи Ангеловска.

Опозицијата за буџетот за 2020 година поднесе 350 амандмани. Следната недела расправата за буџетот од матичната комисија се сели на пленарна седница.

 

Shpërndaj me

Loading...