fbpx

Повеќе од две години по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, Министерството за внатрешни работи ги презема првите чекори амблемите на полициските униформи да бидат и на албански јазик. Министерот за внатрешни работи во заминување, Агим Нухиу со објава на социјалните мрежи информираше дека ги потпишал нормативните акти за спроведување на двојазичноста на полициските униформи и тие ќе бидат доставени до Владата на Македонија. Колку време ќе треба за целосно спроведување, ќе зависи извршната власт која треба да даде зелено светло.

 МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

„Односно, Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за униформи и амблеми на полициските униформи ја носи Владата на Северна Македонија. Откако ќе се даде зелено светло на указот, ќе се донесе Регулатива за изменување и дополнување на регулативата за изготвување, времетраење и дистрибуција на униформи и амблеми од страна на Министерството за внатрешни работи.“

Во Уредбата која треба да биде одобрена од Владата се наведува дека оваа измена важи за Скопје и другите општини каде најмалку 20% населението зборува службен јазик различен од македонскиот, а се темели на член 8, точка три од Законот за употреба на јазиците. Во него се вели:

 член 8/3 Закон за употреба на јазиците

„Според член 8, точка 3 од Законот за употреба на јазиците, униформите на полицијата, пожарникарите, здравствените работници во Скопје и општините каде што 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, се пишуваат на македонски јазик и нејзиното кирилско писмо како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија “.

 Алсат обезбеди превод на албански јазик на неколку единици на полициските сили.

  АМБЛЕМИ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

ПОСЕБНА ЕДИНИЦА ЗА ПОДДРШКА

NJËSITI SPECIAL PËR MBËSHTETJE

ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА

POLICIA KUFITARE

ЕДИНИЦА ЗА БРЗО РАСПОРЕДУВАЊЕ

NJËSITI PËR POZICIONIM TË SHPEJTË

ЕДИНИЦА ЗА СЛУЖБЕНИ КУЧИЊА

NJËSITI I QENVE TË POLICORË

ОДДЕЛ ЗА ВОДУХОПЛОВНИ ЕДИНИЦИ

SEKSIONI PËR NJËSITET E AVIACIONIT

ХЕЛИКОПТЕРСКА ЕДИНИЦА ЗА ПОСЕБНИ НАМЕНИ

NJËSITI HELIKOPTERËVE PËR ÇËSHTJE SPECIALE

Откако оваа уредба ќе биде усвоена од Владата, таа ќе стапи во сила осум дена по објавувањето во Службен весник. Согласно член 23 од Законот за употреба на јазиците, сите институции се должни да ги усогласат нормативните акти за спроведување на Законот за употреба на јазиците, не подоцна од една година по влегувањето во сила на Законот за употреба на јазиците. Досега, голем е бројот на институции ја прекршија оваа одредба.

Evi Shkopi

Shpërndaj me

Loading...