Надлежните во образованието, поради „Ковид 19“, веќе требаше да изготват А Б и Ц планови за продолжување на наставата. Џеладин Мурати, професор по педагогија со долгогодишно искуство во образованието, смета дека учениците треба да се вратат на училиште со намалени часови и активности. Според него, учениците до петто оделение да учат еден ден, додека од пето нагоре следниот ден, а учењето од далечина да се реализира според современите стандарди, а не со импровизации.

„Едно конкретна настава, директното учење со ученици каде ученикот го има наставникот пред себе и бара решенија од него. За учење од далечина, во реалноста тоа не е учење од далечина, затоа што се одржува преку разни платформи. Ова е работа за образовните институции, прашање на Министерството за образование и треба да заземат цврст став, иако многу експерти треба да го дадат своето мислење за тоа како да ја организираат учебната година, како да ја започнат учебната година, како да ја концентрираат наставната содржина“, вели Џеладин Мурати, професор.

Наставниците се загрижени за претстојната учебна година. Наставничката Ќирези вели дека децата кои припаѓаат на семејства кои се во тешка економска состојба, можат да останат пак без настава.

„Дури и сега имаме многу потешкотии затоа што е познато дека повеќето ученици немаат, ги знаеме нашите услови какви се, тие немаат средства и не се секогаш подготвени да бидат онлајн, преку електронски средства. Ќе биде многу штетно и верувам дека ќе има последици, како и на секое поле, дури и во областа на образованието. Верувам дека целиот образовен процес ќе има последици и ќе има стагнација“, рече Фиторе Ќирези, учителка во ОУ „7 Марси“.

Со одлука на Владата, учебната 2019 – 2020 година ќе заврши на 10 јуни. За време на вонредниот период, воспитниот процес се спроведуваше онлајн преку разни платформи, во зависност од изборот направен од наставникот.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...