fbpx

Изработен е и наскоро се очекува да влезе на собраниска постапка долго очекуваните закони за судовите и за Судскиот совет. Министерката за правда, Рената Дескоска изјави дека во законот за судовите се внесени сите препораки на Венецијанската комисија за негово усогласување со европското законодавство.

Законот за Судскиот совет ќе се испрати во Венецијанската комисија откако ќе биде донесен.

Првиот човек на Здружението на судии оцени дека со овие предлог-измени се напредува, но сепак нема да се дојде до целосна независност на судството.

„Ова е добра основа за напредување кон независноста на судството, но останува да се види како ќе продолжи во иднина. Оценувам дека освен создавање на услови за независност во судството, потребни се и други услови кои се однесуваат на финансиската независност со создавање на оптимални услови за функционирање“, рече Џемали Саити- претседател на Здружението на судии.

Судиите имаат и други сугестии како да се смени ситуацијата во нивниот сектор.

Дебатата каде беа изнесени оценките за новите измени ја организираше Институтот за европска политика и финансирање и ЕУ.

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me

Loading...