fbpx

Ако се одложи распуштањето на Собранието, легитимитетот на претседателот Стево Пендаровски, ќе падне во вода, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Доколку Собранието не се распушти, прво и прво легитимитетот на Стево Пендаровски ќе падне во вода. Целосно. Бидејќи тој беше оној што ги повика на лидерска средба за да се направи една средба на која што ќе се договорат избори“, вели Мисајловски.

 

Shpërndaj me

Loading...