ВМРО-ДПМНЕ е дел од комуникациите за датум на избори со консензус. Христијан Мицкоски потврди дека имало комуникации, но без да го потенцира 5 јули како предложен датум. Мицкоски е оптимист за договор.

Доколку датумот е поставен без соодветни консултации со опозицијата, Мицкоски на власта ѝ посакува среќа на избори.

Во врска со рокот од власта – да се договори датум на изборите пред укинувањето на вонредната состојба, Мицкоски вели  дека е потребен политички договор за укинување или продолжување на вонредната состојба. По телефонските разговори што лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги имал викендот, Алсат дознава дека 5 јули е можен датум за предвремени парламентарни избори. Со овој датум се согласува и ДУИ, додека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива бараат избори на 26 јули.

Адриан Керими

Shpërndaj me

Loading...