fbpx

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не поддржува широка коалиција . Мицкоски додаде дека таква влад ќе биде неефикасна. Во однос на барањето на ДУИ за премиер – Албанец, Мицкоски вели дека оваа реторика веќе бледее и била искористена како фолклор за изборите. Тој рече дека повеќе поддржува преодна влада која би организирала нови парламентарни избори.

Мицкоски додаде дека не очекува обединување на албанскиот политички блок за позицијата премиер по сите обвинувања кои си ги упатиле за време на изборната кампања.

Суштински преговори за ново парламентарно мнозинство нема, но очекува дека по конституирањето на Собранието, преговорите за ново мнозинство ќе започнат на ниво на лидери. Албанските лидери немаа коментар за ставовите на Мицкоски.

Адриан Керими

Shpërndaj me

Loading...