Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска не се појави на информативен разговор во полициска станица за случајот „Боемска улица“, кога спротивно на законот седеше во затворен дел од кафеана. Во полиција  дојде поранешниот директор на УБК, Љупчо Андоновски кој седеше со Мицкоски заедно во кафеаната.

„Јас се договорив со еден од сопствениците, бидејќи не работеше винарницата, го замолив еден од газдите, дали може да отвори да седнеме со еден пријател. Тој не ни знаеше кој е. Кога отидовме и кога виде дека тоа е Христијан Мицкоски, сопственикот не послужи со пијачка, и поразговаравме околу час или час и половина“, рече Љупчо Андоновски, поранешен директор на УБК.

Shpërndaj me

Loading...