fbpx

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од струшко Ташмаруниште, се извини за досегашните грешки направени од ВМРО ДПМНЕ и ги обвини оние кои бараат оставка од него нарекувајќи ги јаничари. Ваквата изјава на Мицкоски предизвика реакција од Ивица Коневски – член на партијата кој на фејсбук му возврати дека на партијата и треба човек кој обединува, а не некој кој клевети и навредува.

А денес оние кои се товар на ВМРО-ДПМНЕ душмански жестоко се обраќаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Целосно свесен за нивните постапки од минатото и целосно свесен дека токму овие жестоки појаничарени јуришници на власта беа и товар на партијата. Сакам јасно и недвосмислено да истакнам дека јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извинувам на народот за сите грешки и неправди кои овие луѓе ги имаат направено – изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Алсат

Shpërndaj me

Loading...