fbpx

Македонската медиумска асоцијација која ја сочинуваат 5-те национални телевизии – Алсат-М, Канал 5, Сител, Телма и Алфа–се вчудовидени од денешниот потег на кабелските оператори, со кој цел час беше направен упад во нашите програми, и наместо реемитување на програмата, одеше бланк и некакво соопштение од операторите.

„Причините за ова самоволие и тешко кривично дело не ни се познати. Кабелските оператори велат дека станувало збор за некаква неуставна законска регулатива, но за спорови околу уставноста на законите се произнесува Уставен суд, а не се прекршуваат договорите за реемитување со телевизиите, и не се малтретираат корисниците и гледачите кои за услугите плаќаат за да гледаат програма. Оние кои произведуваат програма знаат дека екранот е светост, кон црн екран применуваат само оние што не знаат колку е тешка работата да се произведе гледана и квалитетна содржина, туку се научени без никаква надокнада да преземаат содржина и од тоа да прават профити.

Особено сме изненадени од самоволието на Дојче Телеком и А1 Австрија, бидејќи знаеме дека овие компании не би ни помислиле да сторат вакви кривични дела во нивните држави“.

Една од причините за ваквата аздисаност и крајно некоректно однесување, е и фактот што кабелските оператори постојано нелегално реемитуваат телевизиски канали и програми за кои немаат регулирано авторски права, за што имаат десетици кривични пријави и тужби, а јавното обвинителство не постапува против овие осомничени криминалци, со цврсти и обемни докази и аргументација. Непостапувањето на обвинителството доведе до постојано преповторување на истите кривични дела со пиратерија, како и денешното ново кривично дело- а тоа е дрзок упад во програмите на 5 национални телевизии во Македонија –настан без преседан во Европа.

„Инаку 5-те национални телевизии имаат валидни договори со операторите во кои прецизно стои дека оператроите немаат право на било каква измена на програмата – како што направија денес. Сакаме да ги известиме гледачите дека нашите 5 телевизии целосно ги имаат уредено авторските и сродните права за целата содржина што ја емитуваат, а Управителите за тоа гарантираат под целосна морална и кривична одговорност“.

Се надеваме дека институциите и обвинителството соодветно ќе реагираат за овие прекршители да немаат можност да го повторат ова исто кривично дело, а дека Владата и институциите ѓе ги заштитат авторските и сродните права како што е насекаде во Европа, и нема да подлегнат на вакви уцени и силеџиство, што сите го видовме вечерва.

Shpërndaj me

Loading...