fbpx

Националната платформа за онлајн настава предизвикува загриженост кај некои наставници. Тие велат дека се соочуваат со разни потешкотии за време на обуката, особено оние кои немаат технолошка опрема или користењето на оваа платформа ја учат преку телефон. Наставниците стравуваат дека ќе страда нивната работа и успех.

 

„Оваа платформа е тешка за нас постарите, но се надеваме дека ќе успееме до крајот со помош на координаторите што ги имаме, верувам дека нема да имаме многу проблеми.“

„Се соочуваме со платформа со многу непознати. Ќе се обидеме и потрудиме максимално да ја совладаме за да можеме во иднина да ја спроведуваме и да соработуваме со децата.“

За разлика од наставниците, обучувачите велат дека користењето на платформата е релативно лесно, но сепак е нецелосно.

„На платформата ги немаме предмети што треба да ги имаме. Во моментот имаме еден вид тест што го правиме со колегите. Учениците исто така мора да бидат вклучени во платформата. За учениците прашавме, бевме заинтересирани и тие ни ветија дека ќе бидат поврзани со податоците од електронскиот дневник со ЕМИС, но нив сè уште ги нема таму.“

 Националната платформа за учење од далечина овозможува ученикот преку телефон или компјутер да има визуелен пристап со училницата и наставникот. Може да ги користи сите аудио и видео-материјали поставени на платформата и да пишува домашни задачи. Исто така, ќе има и брзи квизови, тестови и друга иновативна содржина. Платформата ќе работи на 5 јазици.

 

Мелихате Рустеми  .

Shpërndaj me

Loading...