fbpx

Заев и Касами, лидерите на двете партии во коалицијата „Можеме“, го побараа гласот на граѓаните на Тетово, ветувајќи им дека ќе продолжат со евроинтеграцискиот процес. Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, во својот говор рече дека овој глас на жителите од Тетово е повеќе од потребен за нашата земја да чекори напред.

„Во пост-изборниот процес од 2016 година, Македонија се врати на својот евроатлантски пат. Исто така сме горди што и покрај тоа што бевме дел од опозицијата и немавме функции во Владата, бевме активен дел од сите измени со кои Македонија на крајот стана дел од НАТО, и го продолжува сигурно својот пат кон Европската унија. Денес сме тука пред вас, заедно со СДСМ и 25 други партии кои ја рефлектираат мултиетничноста во Македонија, да побараме ваша поддршка, да го продолжиме силно и храбро, овој пат што го започнавме“, рече Билал Касами, лидер на Движењето БЕСА.

 

Shpërndaj me

Loading...