fbpx

Мухарем Барди, Адем Абдулаи, Мухарем Иса, Раму Бучи, Ариан Реџепи и Енур Илјази, се имињата на шесте демонстранти кои завршија во затвор барајќи правда во судењето за случајот „Монструм“. Адвокатот Насер Рауфи вели дека доколку Врховниот суд го промени исходот на случајот во полза на обвинетите, тогаш на осудените демонстранти им следува обештетување.

Доколку овие обвинети бидат ослободени и таа одлука стане правосилна, во постапката на повторување, лицата кои издржувале затвор имаат право да бараат оштета. Тука произлегува оправдувањето зошто протестирале и каузата дека протестот бил оправдан и основан.“ – изјави Насер Рауфи – адвокат

Шпетим Положани од здружението на поранешни политички затвореници, ги оправдува протестите кои се одржаа против максималната казна во случајот „Монструм“. Според него, притисокот на протестите бил една од главните причини што предметот сега ќе оди на повторно судење.

Вчерашниот став на обвинителката која раководи со предметот во случајот Монструм отвора искра светлина и топлина, не само за осудените во случајот Монструм, туку за сите казнети кои направиле дела според политички мотиви. Оваа работа ги оправдува сите случаи и моменти кои влијаеле таа да побара укинување на одлуките на двата суда и предметот ќе оди на повторно судење од почеток.“ – вели Шпетим Положани, Здружение на поранешни политички затвореници

Во тоа време роднините на демонстрантите кои беа осудени обвинија за селективна правда, наведувајќи го случајот со нападите во Ѓорче Петров, каде авторите на делото кои предизвикаа некаде околу 1 милион евра материјални штети во куќите и дуќаните во сопственост на Албанците, не добија иста казна.

Бесиан Лека

Shpërndaj me

Loading...