Судењето за случајот „Монструм“ треба да заврши на крајот од септември. Судот, обвинителството и обвинетите, договорија девет нови рочишта на кои треба да се сослушаат преостанатите сведоци за убиството на Смилковското езеро пред осум години. Обвинителството завршува со сведоци на нивен предлог веќе во петок. Повикани се двајца инспектори од СВР Скопје кои составиле службена белешка за црвениот Опел со кого полицијата тврди дека избегале убијците.

„Од непознато лице на 12.04.2012 година помеѓу 20 часот и 50 минути и 21 часот и 05 минути е видено возилото опел омега. Од службени лица составена е белешка, но нема податок кои се тие лица кои ја направиле, ниту пак, има информација кое е лицето кое го видело автомобилот. Постои и друга белешка од наредниот ден од двајца инспектори и затоа ги предложив како сведоци бидејќи тие го пронашле и земале возилото“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Според обвинителството, инспекторите треба да појаснат како само еден час по бруталниот масакр на петте лица, службите составиле белешка дека знаат со кое возило обвинетите избегале. Сведоци ќе предложат и обвинетите, а список до судот ќе треба да достават до петок. Во овој предмет веќе сведочеа и актуелни политичари – Зоран Заев, Али Ахмети но и поранешни функционери како Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска. За бруталното убиство кај Смилковци, обвинети се шест лица. Во бегство се Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои се во Косово. На овој ден пред шест години, сите обвинети беа осудени на доживотен затвор. По три години Врховен ја укина пресудата и случајот почна да се суди одново под застапништво на СЈО.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me

Loading...