fbpx

Министерството за образование сè уште нема конкретна стратегија за следната учебна година, во случај состојбата со коронавирусот да не се подобри до есен. Министерот за образование, Арбр Адеми, не одговори на повиците на Алсат за да објасни дали е направено нешто во овој правец. Пред неколку дена, Адеми тврдеше дека има стратегија за започнување на следната учебна година, но без да даде детали. За разлика од Министерството за образование, Бирото за развој на образованието призна дека сè уште нема конкретна стратегија дали учениците ќе се вратат на училиште во септември или ќе продолжат со онлајн настава. Според објаснувањата на оваа институција, раководителите на училиштата и наставниците сега пополнуваат анкета за да ги покажат позитивните и негативните страни на онлајн учењето.

„Се прават анкети со родители, ученици и наставници, која ќе продолжи до 20 јули. Потоа, ќе се подготви нов документ. Се анкетираат наставниците, директорите и родителите за тоа како се одвивала наставата.. Негативните и позитивните страни за да бидеме подготвени за следниот период. Ако повторно започнеме со онлајн настава, имаме податоци од теренот за тоа како се реализира наставата. Кои беа предизвиците за време на онлајн учење? Ние се подготвуваме за какво било сценарио “.

Од контактите со директорите на училиштата, Алсат дознава дека за септември се разгледуваат сите опции .Една од нив е пониските  одделенија од основни училишта да посетуваат часови со физичко присуство, додека погорните одделенија во комбинирана форма.

 

Мелихате Рустеми

 

Shpërndaj me

Loading...