fbpx

Муслиманските верници денес го слават Курбан Бајрам. Во Северна Македонија ова е втор Бајрам кој се слави во пандемски околности, и како резултат на тоа верските претставници решија Бајрам да го прослават без централна манифестација. Молитвата на Курбан Бајрам беше обавена под мерките препорачани од властите, за одржување дистанца и главно на отворени места.

“Ние овој Бајрам ќе го славиме поинаку од другите бајрамски празници со тоа што главен фокус треба да се има во заштитата на нашето здравје и здравјето на другите“.

Бајрамска молитва имаше и во Албанија.  За разлика од другите години, годинава немаше молитва на булеварот „Нардони херои“. Молитвата се изведуваше главно во џамии, а верските  проповедници изјавија дека верниците се придржуваат кон препораките со мали исклучоци.

претседателот на муслиманската заедница во Албанија, Бујар Спахиу ги повика верниците да избегнуваат контакти и да се грижат за нивното здравје.

Во меѓувреме, бајрамска молитва немаше во Косово. Поради влошената состојба со пандемијата „Ковид-19“, властите решија да ги затворат џамиите.

Премиерот на Косово, Авдула Хоти го посети косовскиот институт за јавно здравје. Оттаму тој изјави дека состојбата со вирусот е влошена и мора да се почитуваат мерките за да се надмине оваа состојба што е можно поскоро.

Авдула Хоти, Премиер на Косово “

“Ситуацијата е сериозна. Им благодарам на граѓаните кои ги почитуваат мерките. Празник е, но апелот на Владата даде ефект. Се надевам дека ќе  продолжи почитувањето на мерките и луѓето ќе бидат свесни затоа што животот е пред сè “.

Граѓаните рекоа дека нема празнична атмосфера, но сепак тие се согласија со мерките преземени од надлежните. Главниот ритуал на Курбан Бајрам е принесување на животно, обред со кој се докажува посветеност и жртвување на верниците кон Бога.

Adrian Kerimi

 

Shpërndaj me

Loading...