fbpx

Експертите велат дека Катица Јанева како осомничена во случајот „Рекет“ нема право од притвор да им наложува на обвинителите на СЈО како да постапуваат со предметите на ова обвинителство. Правникот Александар Наков, во изјава за Алсат, вели дека функцијата на Катица Јанева на чело на СЈО е завршена од моментот кога таа е во притвор. Наков додава дека специјалните обвинители, во отсуство на нов главен обвинител на СЈО, имаат врзани раце за останатите предмети и истраги.

Согласно Законот за јавно обвинителство, јавниот обвинител заминува од функцијата додека е во притвор. Според дел од правните експерти, единствениот начин да продолжат истрагите по предметите на СЈО е да се усвои новиот Закон за Јавно обвинителство.

Бесиан Лека

Shpërndaj me

Loading...