fbpx

Со ребалансот на буџетот ќе се скратат околу 50 милиони евра, наместо 160 колку што најави премиеорт Зоран Заев за четвртиот сет економски мерки .  Ова е само 30 отсто од првично најавената сума, остантите пари вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи за Економаски магазин на Алсат вели дека ќе се обезбедат со дополнителни задолжувања од домашните комерцијални банки. Тоа значи дека ќе се продлабочува и буџетскиот дефицит, но на оваа констатација Битиќи само крена раменици.

„Триесетина отсто од 160 милиони ќе се обидеме да го скратиме од буџетските расходи на одредените институции. Се што не е возможно да се искористи до крај на нова година“, рече Битиќи.

Најавите се дека ќе се  кратат сите непродуктивни трошоци и капитални инвестиции за кои годинава нема услови да се реализираат. Од владата засега не откриваат  кои се проектите што први ќе отпаднат од игра а беа во план да се финансираат со државни пари.

„Сѐ додека предлог-ребалансот не биде изгласан како владин предлог во Собранието, информирањето за промена на било која позиција би било шпекулација, со оглед на тоа дека претстои и владина дискусија на која треба да се дискутира предлогот“, велат од Владата.

Ребалансот треба да биде готов до крајот на оваа недела и да се објави  најдоцна до понеделник. На средината на месец мај беше донесен првиот ребаланс годинава. Беше донесена одлука државната каса да биде потешка за околу 54 милиони евра, а со тоа и буџетскиот дефицит да се продлабочи на 750 милиони евра.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...