fbpx

Стапија на сила намалените цени за роаминг услуги кон земјите од регионот, а веќе од следната година  роамингот целосно ќе се укине. Согласно договорот цената за дојдовни повици се намалува од 2,9 на 1,5 денари. Од АЕК велат дека сега започнуваат со преговори и за намалување на роаминг цените кон земјите од Европската Унија.

„Од 26 евра цената на сега паѓа на 16 евра за МБ, сеуште се високи цените но почнаа да намалуваат, и на повиците од 4 евра на 2,5 евро центи  и тоа е последното намалување кое беше договорено. Ова ќе трае една годнина односно до 1 јули следната година кога веќе меѓу овие земји нема да има наплаќање на дополнителни трошоци“, рече Сашо Димитријоски- Директор на АЕК.

Првото намалување на цените од 99 проценти  на роаминг услугите беше претходната година на први јули. Согласно договорот потпишан помеѓу Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора роамингот ќе биде укинат во 2021. Последните податоци од Балканскиот барометар говорат дека 35 отсто од граѓаните заштедиле пари поради намалените цени и дека користењето на инетрнетот е во пораст на 69 отсто.

Андреа Чобанова

 

Shpërndaj me

Loading...