fbpx

Искусниот стопер на екипата на Наполи, Калиду Кулибали е пред заминување од „Сан Паоло“, а клубот е подготвен да го продаде во Манчестер Сити.

Сити е еден од заинтересираните клубови, другиот е градскиот ривал Манчестер Јунајтед, но поверојатно е Кулибали да замине на „Етихад“, каде Пеп Гвардиола го гледа како новиот Винсент Компани.

„Граѓаните“ се подготвени да платат 75 милиони евра за неговото пристигнување, а Наполи сака да искористи голем дел од тие пари за да го финансира трансферот на напаѓачот на Лил, Виктор Озимен.

Французите бараат 60 милиони евра обештетување за неговото заминување.

 

Shpërndaj me

Loading...