fbpx

Денес предлагаме рецепт за одличен домашен рецепт за колачи Тоблероне. Што е најважно, се подготвува многу брзо, а резултатот е одличен.

Состојки:

300 гр шеќер

3 јајца

250 гр маргарин

100 гр чоколадо

200 гр сусам

30 кршени бисквити

150 гр сецкани потпечени ораси

Начин на подготовка:

Јајцата и шеќерот се матат на пареа, додека да се стопи шеќерот и се згусне смесата. Потоа се додава маргаринот и чоколадото. Сето тоа се меша додека да се стопи и соедини. Во длабок сад кршиме бисквити, додаваме тостиран сусам и сецкани потпечени ораси. Убаво се мешаат и се додава течниот дел. Се меша со лажица, додека да се соединат. Во калап за тоблероне, смесата се распределува и се става во замрзнувач убаво да се стегне. Се сече на потенки парчиња и спремно е за декорација и дегустација!

 

Shpërndaj me

Loading...