Секоја жена посакува да има коса мека на допир и сјајна. За тоа не треба да потрошите цело богатство. Решението се наоѓа во вашата кујна. Направете си домашна маска која ќе ја направи вашата коса мека и сјајна.

Се што ви треба е една супена лажица органско кокосово масло и една супена лажица мед. Помешајте ги двете состојки во сад за готвење и загравејате ги на шпоретот. Ако имате долга или оштетена коса, дуплирајте ја количината на состојките. Маската можете да ја ставате и на сува и на мокра коса, но секогаш фокусирајте се на врвовите.

Оставете ја маската да делува околу четриесет минути и потоа исплакнете ја.

Shpërndaj me

Loading...