Уредбите за мерките од третиот сет треба да се донесат наредната недела, по што и на граѓаните ќе им биде објаснето како да ги користат. Дел од мерките според најавите треба да почнат да се применуваат во јуни – јули.

– Наредната недела ќе почне носењето на првите уредби за третиот сет економски мерки. Како ќе се носи уредбата, така ќе им се објасни на граѓаните. Граѓаните треба да бидат спокојни, тоа што е ставено во уредбите, ќе знаат точно на кој начин ќе може да го искористат. Тоа ќе биде најлесен начин за да ги искористат правата од овие мерки, изјави вчера премиерот Оливер Спасовски.

Дел од овој столб се и платежните картички и ваучерите за туризам кои треба граѓаните да ги добијат до јули, а да се искористат до крајот на 2020 година. Во третиот пакет се 11 милиони евра за ваучери и пет милиони евра за платежни картички, ваучерите од 100 евра, а картичките 50 евра.

Со мерките за стопанството во програмата на владата има 150 милиони евра, од кои 25 милиони евра за платежната картичка, 60 до 65 милиони евра за поддршка на работодавачите за исплата на плати и дополнителни 50 милиони евра кои ќе се насочат за дизајнирање и креирање на навремени мерки.

Мерките според Владата се навремено и брзо. Првиот и вториот пакет опфаќаа 200 – 250 милиони евра, а третиот 355 милиони евра за 730.000 корисници. Вкупниот влог е 550 милиони ерва или 5 – 5,5 од БДП.

Shpërndaj me

Loading...