fbpx

Здружението на наставници Албанци од Куманово и Липково бара од Министерството за образование да го прифати барањето училиштата да започнат со настава со физичко присуство. Од ова здружение ја критикуваат и платформата и начинот на кој се планира учење од далечина. Се најавува бојкот на почетокот на наставата доколку тоа го побараат родителите и ако министерството ги игнорира нивните барања.

“Не секое училиште ги исполнува условите за онлајн настава. Како прво, не функционира мрежата. И не се само наставниците оние кои немаат опрема, туку и учениците. Има родители кои имаат по пет деца во училиште. И како можат тие да обезбедат пет лап-топ компјутери? Им требаат пет такви да има дома. Од друга страна, родителите, 98%, зборувам за општина Липково и Куманово, се за физичко следење на наставата. Услови има, училиштата ги исполнуваат условите за физичка настава, а ако има потреба ќе се работи и во пет смени, но наставата да биде со физичко присуство. Новата платформа бара да имаме Windows 10. Нашите компјутери што ги имаме не ја поддржуваат таа програма. Ние како што кажав, ќе се консултираме со директорите и со родителите, затоа што родителите се главниот фактор за своите деца и ако ни дозволат родителите, ние ќе одиме и со бојкот. Ако немаме услови да ги учиме децата, како ќе ги учиме? Така, подобро да ја бојкотираме наставата сè додека не се обезбедат услови за работа.“

Shpërndaj me

Loading...