Сите новороденчиња се силно приврзани за мајката и го следат инстиктот да останат што поблиску до неа. На тој начин се чувствуваат сигурно и заштитено, па најлесно заспиваат во нејзините раце.

Колку и да е прекрасно чувството да го држите своето бебче на вашите гради додека заспива, помислете на сите оние моменти кога во текот на ноќта тоа се буди и не може да заспие без вас.

Како да го промените тоа? 

Додека го преместувате бебето од вашите раце во креветчето, пејте му.
Запејте песна додека сеуште го лулате на вашите градите. Продолжете да ја пеете истата песна, со исто темпо додека го спуштате на креветчето.

Вашето континуирано пеење ќе ги преокопира неговите сетила. Тоа ќе се фокусира на вашиот глас. Можеби на момент ќе се бунтува и побуни, но продолжете да му пеете и ставете ја дланката на неговите гради, за да ја почувствува вашата топлина.

Пејте се додека не се смири, но не го земајте повторно во прегратка, освен ако тоа не прерасне во силен плач. Тогаш можеби неколку пати ќе треба да ја повторите постапката, со што ќе му покажете на бебето дека може да се чувствува сигурно додека спие во своето креветче.

Повеќето новороденчиња заспиваат при доење или лулање во рацете на родителите. Тоа е во ред, особено во првите два, до три месеци од животот. Но, потоа е важно бебето да се стави во своето креветче додека е се уште будно, за да не стане зависно од родителот.

Колку порано тоа научи да заспива само, толку побргу ќе се навикне на тој начин. Ако го навикнете вашето бебе да заспива само кога вие го држите во раце, тогаш тоа ќе има потреба од вашата топлина и лулање и во текот на ноќта.

Бидете упорни!

 

Shpërndaj me

Loading...