fbpx

Интересот за летување на граѓаните од земјава е намален за 90 отсто во однос на лани. Од здружението на туристички агенции стравуваат дека дејноста им е пред колапс. Туристичките работници велат дека минимална побарувачка има за Охрид, Дојран и Преспа. Што се однесува до понудата освен домашни сместувачки капацитети агенциите нудат летување и во Албанија, Турција и Египет. Но засега речиси и да нема заинтересирани. Дополнително, од туристичките агенции обвинуваат за нелојална конкуренција и кршење на основните етички правила за работа.

Имаме голем проблем во смисла препродажба на аранжманите. Некој хотел ќе ни прати одредена цена, ние ја кажуваме таа цена на странката, потоа истата таа се јавува во хотелот и хотелот и дава попуст. Тука имаме проблем со нелојалната конкуренција и со цените. Додека во другите места, на пример во Албанија секогаш цените биле пониски во однос на Грција и годинава нема промена -изјави Силвана Јовановска – здружение на туристички агенции.

Повеќето од граѓаните кои ги анкетиравме рекоа дека годинава ќе направат исклучок и нема да одат на одмор. Ќе седат дома бидејќи не се чувствуваат сигурни во туристичките места низ земјава. За надвор не ни помислуваат. Но имаше и такви кои велат би тргнал и денес, само да најдам друштво.

„Никако, ситуацијата е лоша. Страв ми е, како дома нема никаде. Тука е најубаво“.

„Не благодарам, се обидувам да одработам нешто бидејќи сега ми е сезона“.

„Можеби нешто во Македонија, локално да.“ Планина или Охрид сигурно. Со маски со заштита, со сите мерки. Другарите ми се уплашени и не можам да ги убедам, дури ни за на планина или за нешто вака локално“.

„А не дома ќе си седиме. Страв ни е од корона вирусот“.

Туристичките работници побараа од државата исплата на минимална плата со вклучени придонеси до декември годинава. Државата да им ги покрие трошоците за кирии на канцелариите, како и сметководствените трошоци.. Во оваа дејност работат над пет илјади туристички работници во околу 300 агенции.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...