Ова известување не ги освести сите кои денеска беа на Бит Пазар. Дистанца од два метри немаше, а маски не носеа сите. Но и покрај тоа, пазарџиите не се загрижени или пак, имаат поинаков одговор:

„Да, носат и маски и ракавици… Јас денес не ги ставив, но дај Боже да се надмине и ова со коронава и да се отвораат границите и да бидеме слободни…“, вели една продавачка.

Нашата соговорничка вели дека имало поважни работи од превентивните мерки.

„Што се однесува до пазарот овде, движење има, но не купуваат затоа што платата е мала…“, додава таа.

Помалку раздвиженост имаше на пазарот во Чаир. И таму многумина не носеа маски.

Ако не носите маска на пазар тоа ќе ве чини 20 евра. Но, денеска внатре во пазарот, камерата на Алсат не регистрираше полицаец за да го регулира тоа.

Еден полицаец имаше пред пазарот. Алсат пред два дена праша во МВР дали засилено ќе се контролираат пазарите, на што од полицијата одговорија:

„Полициските службеници секојдневно преземаат соодветни мерки и активности за санкционирање на граѓаните кои не ги почитуваат владините одлуки и забраната за движење“, рекоа од МВР.

Според владините уредби, носењето маски е задолжително во затворените маркети и други јавни простори, но и на отворено каде не е возможно да се држи потребното растојание.

Игор Стефановски

Shpërndaj me

Loading...